Најголемиот губитник на изборите и претседателот на СДСМ, Венко Филипче, најави дека вечерва ќе се одржи седница на Извршниот одбор на која ќе се разгледуваат повеќе кадровски и политички промени во партијата. Тој посочи дека процесот на внатрешни реформи се одвива постепено и по јасен план.

Филипче откри дека ќе предложи докторот Александар Трајановски да ја преземе функцијата потпретседател на СДСМ.

„Трајановски е човек кој долго време му е посветен на СДСМ, а неговата кампања покажа дека знае да мобилизира поддршка и да привлече внимание. Верувам дека со неговото вклучување ќе добиеме значајно кадровско засилување,“ рече Филипче.

Тој потврди дека на вечерашниот состанок ќе бидат презентирани и други промени, повикувајќи на трпение од членството и симпатизерите додека трае внатрепартискиот процес.

Трајановски беше кандидат на СДСМ за градоначалник на општина Аеродром, загуби со огромни 2:1 или 18.000 наспрема 9.000 во вторито круг. Во првиот круг разликата беше уште поголема, 16.000 наспрема мизерни 6.000 за новиот потпретседател на СДСМ.

Веројатно, никој друг не му се согласил да му биде потпретседател, коментираат познавачите. Она пазарџиското од бувљак, дај што ќе дадеш…