Компанијата Гугл го блокираше каналот Дума ТВ на Јутјуб, соопшти руската Државна дума.
Во објава на Телеграм се наведува дека Јутјуб каналот Дума ТВ имал повеќе од 145.000 корисници, а видеата на тој канал имаат повеќе од 100 милиони прегледи.
Државната дума соопшти дека била подготвена за таков потег, но е активна на други платформи.
На корисниците им се предлага да се префрлат на каналите на Државната дума на мрежите РуТјуб, ВКонтакте и Телеграм.