Протечен документ од Гугл покажува дека пребарувачот планира да се врати во Кина со дозвола кинеската влада да врши цензура на одредени термини и прашања.
Ова, според Интерцепт, е „драматично поместување на Гугл“, кој претходно својот пребарувач го повлече од земјата токму заради државната цензура.
Според новиот договор, Гугл ќе може да цензурира и веб страница како Википедија.
Според проектот Драгон флај, Гугл планира да стартува цензурира верзија на својот пребарувач и со него ќе може да се блокираат веб страници и термини за пребарување поврзани со човекови права, демократија, религија и мирни протести, открива Интерцепт.