Бројот на земји вклучени во „насилни конфликти“ е најголем во последните 30 години, додека бројот на загинати во судирите е зголемен за десетпати од 2005 година, изјави денеска во Копенхаген генералниот секретар на Обединети нации, Антонио Гутереш.
Тој наведе дека бројот на „насилни ситуации“, што можат да се окарактеризираат како војни врз основа на бројот на жртвите, е тројно зголемен од 2007 година.
– Покрај регионалните конфликти, глобалниот тероризам може да се случи каде било во кое било време, истакна Гутереш.
Тој вчера во Осло изјави од 2007 година е зголемен за 60 проценти бројот на „конфликти со низок интензитет“.