-Приближно 14 илјади нуклеарни боеви глави се складирани низ целиот свет. Неприфатливо е колку човештвото е блиску до нуклеарно уништување, напиша на Твитер генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш.
Според организацијата Обединети нации денеска е интернационален ден за целосно уништување на нуклеарното оружје.
-Сега е време да го тргнеме облакот од нуклеарниот конфликт за добро, да го елиминираме нуклеарното оружје од светов и да започнеме нова ера на доверба и мир, пишува во вториот дел на твитот на Гутереш.