Руските сили денеска жестоко го гранатираат украинскиот источен регион Доњецк, изјави регионалниот гувернер Павло Кириленко.
Тој истакна дека според првичните информации гранатиран е градот Дружкивк, при што се погодени болницата, палатата на културата, резиденцијалните згради и игралишта. Кириленко наведе дека чека информации за жртвите.
Додека во Славјанск руските ракети погодиле семејна куќа, а сопственикот е под урнатините.
Според Кириленко, мета на руските сили била и железничката станица во Часовом Јара, при што се повредени поголем број луѓе.
Во текот на ноќта руските сили извршиле напади и врз градовите Хирник и Свитлодар.
Кириленко наведе дена единствен исправен пат е евакуација на жителите од нападнатите градови.