Пожарот во складиштето за нафта во Севастопол на полуостровот Крим, предизвикан од напад на беспилотно летало, е локализиран. Тоа го соопшти гувернерот на Крим назначен од руските власти, Михаил Развозаев.
Нема повредени, но оштетени се четири цистерни.
Инцидентот се случи еден ден откако Русија истрела повеќе од 20 крстосувачки ракети и два беспилотни летала кон Украина, при што загинаа повеќе од 23 лица. Речиси сите загинаа во ударот на две ракети врз станбената зграда, а меѓу загинатите има и три деца. з