На граничниот премин „Богородица“ вечерва времето за чекање за влез во државава е повеќе од еден час, информираат за МИА од Автомотосојузот на Македонија.
Оттаму посочуваат дека слична е состојбата и на граничниот премин „Табановце“, а причината, како што велат, најверојатно е користењето на продолжен викенд од страна на граѓаните.
Продолжениот викенд е поради тоа што 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба беше вчера (недела), па неработен ден беше и денеска.

