Венецуелскиот опозициски лидер Хуан Гваидо ги повика граѓаните на државата да се подготват за операција „Слобода“ што ќе резултира со преземање на власта во државата.

– Дојде времето да се подготвиме за спроведување на операцијата Слобода, и да извршиме максимален притисок врз владата за да се стигне до конечен прекин на узурпацијата. Сите апсолутно сите и секој има улога во оваа етапа од борбата, напиша Гваидо на Инстаграм.

Тој додаде дека за спроведување на операцијата во државата се формираат „Комитети за помош на слободата, кои ќе имаат задача да пропагираат акции со цел прекин на узурпацијата во секој регион, сектор, синдикат, и државни органи“.

На 23 јануари Гваидо се самопрогласи за в.д. претседател на Венецуела.