Шест луѓе се ранети денеска во ракетен напад врз Израел од Појасот Газа.

Проектил погодил куќа во селото Мишмерет северно од Тел Авив во централен Израел. Шест луѓе меѓу кои и дете се ранети во нападот.

Претходно, во регионот беа активирани сирени за тревога поради ракетен напад.