Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола изрази големо задоволство од синоќешниот триумф над ПСЖ на гостински терен (2:1) во полуфиналето од Лигата на шампионите.
– Добро почнавме, но откако примивме гол, го почувствувавме притисокот. Последните 10 минути од полувремето не беа лоши, а по паузата бевме брилијантни во сите аспекти. Блескавме. Постигнавме два гола на гости. За шест дена пред нас е тешка работа.
Среќен сум за победата, но само половина од патот е зад. Нè чекаат уште 90 минути. ПСЖ е добар тим, сè може да се случи, истакна Гвардиола.
Реваншот е закажан за 4 мај на теренот нс Манчестер сити.