Тренерот на Манчестер сити, Хосеп Гвардиола ја кажа причината за елиминацијата од Челзи во полуфиналето на ФА купот.

– Игравме добро во последните 15 минути. Се обидовме се од себе да најдеме можност за гол, но честитки за Челзи за победата. Примивме гол, но добро реагиравме на тоа, особено откако влегоа Фил Фоден и Илкај Гундоган. Не е лесно да се игра со тим што брани осум играчи. Генерално, добро ја контролиравме топката, но не создадовме многу чисти шанси, изјави Гвардиола за „Би-би-си Спорт“.

Во финалето, Челси ќе се соочи со победникот во двојката Лестер – Саутемптон.