Шкендија очекувано забележа висока победа во Струмица над Беласица со 3-0 со што го продолжи патот кон шампионскиот трофеј а противникот најверојатно го испрати во Втора лига.

Академија Пандев со истиот резултат триумфираше над Вардар и уште повеќе ги засили главоболките кај црвено-црните.

Скопското дерби Работнички – Македонија заврши без победник 2-2, Шкупи освои три бода во Велес по победата со 1-0 над Борец, а Струга беше убедлива против Пелистер со 3-0.

Шкендија на врвот има 65 бода, Шкупи е втор со 52, Македонија трета со 48.

На дното Ренова девета со 31, Силекс 10-ти со 29, Вардар претпоследен со 28, а Беласица последна со 17.