Тренерот на Манчестер сити, Џозеп Гвардиола, е задоволен од постигнатото на своите избраници во првиот дел од сезоната, но нагласи дека тешко е да се „трка“ со Ливерпул доколку „црвените“ продолжат во ова темпо.

-Добро одигравме во првиот дел од сезоната и освоивме 44 бода. Ако го повториме овој резултат и во пролетниот дел од шампионатот, ќе имаме 88 поени, и ова е шампионско постигнување. Многу тимови во последните 20 години ја освоија лигата со понизок резултат, така што Сити беше добар во првиот дел од шампионатот, истакна Гвардиола.

Сепак, додаде Гвардиола, Ливерпул има девет „суви“ натпревари и тешко е да им се парира доколку понатаму играат во истиот ритам.

Во моментов, Манчестер сити е на третото место со 44 бода од 19 натпревари, Ливерпул е лидер со 54 бода од 20 натпревари.