Тренерот на Манчестер Сити, Јозеп Гвардиола, по вечерашниот пораз од Челзи, прв оваа сезона во Премиер лигата, рече дека е задоволен од играта на тимот.

-Челзи има добри играчи, тие имаат добар тим. Во првото полувреме изгледавме одлично. Тоа беше просто неверојатно. Во целина, имавме фантастичен натпревар, па не жалам ништо. Имавме желба да победиме. Ривалот имаше една шанса во првите 45 минути, а ние му дозволивме да постигне гол, изјави шпанскиот стручњак.

Гвардиола вели дека против нив секој противник игра со екстра мотив.

-Денес тимот одигра подобро отколку во некои од натпреварите во кои победивме. Бевме подобри во сè. Сепак, и тоа не беше доволно. Правиме се за да станеме шампиони, а против нас секој сака да победи, вели тренерот на Манчестер Сити.