Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола не се предаде на емоциите по успехот против Реал Мадрид (2:1) и пласманот во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Тој ги повика своите играчи да останат цврсто на земја, затоа што ги чекаат нови тешкотии.

– Создадовме многу ситуации и нашите два гола паднаа по грешки на Реал. Јас се обидов да ги убедам играчите да одат напред, да напаѓаат, но против толку силен противник не е лесно. Задоволен сум од нашиот севкупен учинок. Видовте колку мирно играа играчите на Реал, тие се навистина многу добри. За нас е важно што ги победивме двапати. Нашата цел е да го освоиме турнирот. чекор, но ако сметаме дека е доволно, ќе покажеме дека сме мали. А за да триумфирате во Лигата на шампионите, треба да ги победите најголемите тимови, рече Пеп.

Како тренер, тој го победи Реал Мадрид 11 пати – повеќе од кој било друг во 21 век. По каталонскиот стручњак се Диего Симеоне и Ернесто Валверде со 9 победи против „белите“.

Марчело Липи и Отмар Хитсфелд се единствените тренери покрај Пеп кои го елиминирале Реал повеќе од еднаш во Лигата на шампионите.