Претседателот на Јувентус, Андреа Ањели е уверен дека Кристијано Роналдо нема да го напушти клубот ова лето. Португалецот доживеа уште едно разочарување со „бјанконерите“ во Лигата на шампионите, иако тој направи се што е можно за да го спречи тоа. Тој постигна два гола и Јувентус победи со 2:1 против Лион, но тоа не беше доволно и екипата беше елиминирана во осминафиналето.

Според извештајот во Франс Фудбал, Роналдо е разочаран од недостаток на напредок во клубот и неуспесите во Лигата на шампионите и е подготвен да замине во правец Пари Сен Жермен.

– Апсолутно сум убеден дека тој ќе остане. Оваа сезона е очигледно слатка и горчлива. Тоа беше многу тешка кампања. Постигнавме голем успех со освојување на деветтата последователна титула и напишавме ново поглавје во историјата. Маурицио ја заслужува својата посебна страница, почнувајќи од аматерските дивизии и достигнувајќи до Скудетото. Во Лигата на шампионите, ова е разочарување за нас, играчите и навивачите. Како што реков во последните години, турнирот беше сон, сега тоа мора да стане цел. Следните неколку дена ќе анализираме и ќе одлучиме како да одиме напред следната сезона, изјави Ањели.

И покрај пофалбите за Сари, на прашањето дали се разгледува промена на тренерот, Ањели избегна одговор.

– Ние ќе направиме целосна анализа на сезоната. Постојано слушам дека имаме најстар тим во Европа и ова е нешто што треба да го гледаме. Деветта последователна титула – нешто што не се случило во претходните 99 години и се сомневам дека ќе биде направено во следните 100 години, заврши тој.