Тренерот на Манчестер сити, Хосеп Гвардиола зборуваше за шансите на тимот за тројна круна оваа сезона.
– Сè уште сме многу далеку од тројната круна. Да, можеме да се надеваме, но вистината е дека дојдовме овде со добра игра. Она што најмногу ме импресионира во овој клуб е тоа што победуваме, освојуваме трофеи, но сепак продолжуваме да се бориме за нив. Јас сум особено горд на ова. Во некоја сезона, можете да освоите тројна круна. Но, не сакам да ја освојам Лигата на шампионите, а потоа да завршам на дното. Овој клуб е многу стабилен. Работам на тоа, инаку не би бил тука, не сум будала, изјави Гвардиола за „Дејли мејл“.
Манчестер сити е втор во табелата во Премиер лигата со 70 бодови од 30 кола. Арсенал на врвот има пет бода предност, но и два натпревара повеќе од „Граѓаните“.
Во Лигата на шампионите, Сити во полуфиналето ќе игра против Реал Мадрид. Првата средба ќе се одржи во Мадрид на 9 мај, реваншот ќе се игра на 17 мај во Манчестер.
Вчера, Сити го совладаа Шефилд Јунајтед (3:0) и се пласира во финалето на ФА Купот.