Поранешниот министер Џевдет Хајредини преку социјалните мрежи упати порака до претседателот на партијата Левица, Димитар Апасиев во врска со неговата неодамнешна посета на гробот на Енвер Хоџа во Албанија.

– Ако на мртвиот Енвер Хоџа му се поклонува во Тирана, Апасиев треба живиот енверист да го посети во Мала Речица, објави Хајредини на својот профил на Фејсбук.

Алузијата на „енверистот од Мала Речица“ најверојатно се однесува на лидерот на ДУИ, Али Ахмети.