Ниедна друга политичка партија во Македонија досега не собра храброст да спроведе внатрепартиски ветинг, со исклучок на ДУИ, иронично коментира поранешниот министер и аналитичар, Џевдет Хајредини.

– Вчера Али Амети, чие име се спомнува во Аферата Телеком, повторно бара „во ветинг да се прејде од зборови на дела“, затоа што „во сите напредни земји, како во САД, така и во Европа, има илјади функционери кои се затворени, додека кај нас политичарите и функционерите се мал број во затвори“, објавува Хајредини на Фејсбук.

Тој натаму во објавата додава:

-Во Македонија ова прашање ефикасно е решено, зашто, како што е познато, со закон е забрането да се објават кривичните дела врзани и кои произлегуваат од прислушуваните разговори, пишува Хајредини.

Ироничните алузии на Хајредини за „ветингот од зборови на дела“ на Ахмети се јасни.