Поранешниот министер и аналитичар Џевдет Хајредини вели дека вицеппремиерот Бојан Маричиќ има уставна обврска да се грижи за правата на Македонците во Бугарија, а не да одбегнува да каже дали таму има македонско малцинство.
– Маричиќ смета дека не смее ни да кажува оти во Бугарија македонци постојат, додека со уставот е пропишано тој за нивните права да се грижи, објави на својот профил Хајредини.
Оваа забелешка од Хајредини може да се однесува и на сите македонски политичари кои „со полни усти“ говорат за тоа дека „и македонските Бугари треба да влезат во Уставот на Македонија“, а молчат за правата на Македонците во Бугарија, како и во Грција.
(Д.Г.)