На Приштина не и треба вашата поддршка, ја коментира поранешниот министер и аналитичар Џевдет Хајредини изјавата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети за поддршка на Косово за зачленување во ЕУ.
– Апликација на Косово за ЕУ/Ахмети: Ќе бидеме поддршка за Приштина и заедно ќе го споделуваме искуството. На Приштина не и треба вашата поддршка. Не одамна го обвинивте Албин Курти дека го враќа Косово во Србија. Како не ви е срам! Погледнете ја вистинската катастрофа во која, со ваша поддршка, криминал и корупција, се наоѓа Македонија, коментира Хајредини во неговата објава на Фејсбук.