Екс министерот за финансии Џевдет Хајредини го праша премиерот дали се прави, или не знае за митото од 2,5 милиони евра од Телеком за државни функционери – случај за кој судот во Њујорк ги казни директорите на Маѓар Телеком, а овдешниот суд чека делото да застари.
„Се прави или не знае Ковачевски за митото од по 2,5 милиони евра што директорите на ТЕЛЕКОМ го исплатиле на нашите државни функционери?
За ова дело судот во Њујорк директорите на Маѓар Телеком ги казнил, а во Македонија се чека делото да застари, иако Врховниот Суд, по нивна жалба, одлучи дека сведокот за овој предмет не клеветел.“, пишува Хајредини.