Поранешниот министер во македонската Влада, Џевдет Хајредини, реагира на секојдневните повторувања од страна на вицепремиерот Бојан Маричиќ во врска со уставните измени.
– Маричиќ: Ќе направиме сè до крајниот рок да бидат донесени уставните измени. Не ти се чини дека со оваа изјава, која, како папагал, скоро две години секој ден ја повторуваш, си станал досаден? Кажи еднаш да знаеме што е тоа “сè” што ти ќе сториш, прашува Хајредини на Фејсбук.
Маричиќ, и денеска во интервјуа за македонски и грчки медиуми повторува дека „не само што ќе бидат исполните критериумите и стандардите на ЕУ, туку и повеќе од тоа“ за влез на Македонија во Унијата до 2030 година.