На листата за плати на пратеници во Собранието, останува потпишувањето на Скендер Реџепи со онаа на (Димитар) Апасиев на Левица, гласи коментарот на поранешниот министер и економски аналитичар, Џевдет Хајредини.
Оваа објава на Хајредини на Фејсбук за пишманењето на Реџепи за новото парламентарно мнозинство предизвика бројни реакции и коментари на социјалните мрежи.
Централното раководство на Алтернатива вечерва одржува состанок откако денеска пратеникот од оваа партија Скендер Реџепи изјави дека нема да биде дел од списокот за паѓање на Владата ниту ќе го поддржи гласањето в четврток доколку на списокот останат и пратениците на Левица.