Не е можно да се наметнува забрана за употреба на името Македонија без придавка, ни во земјава ниту во странство, вели поранешниот министер и аналитичар, Џевдет Хајредини.

Тој потсетува дека придавки пред името имало и во минатото:

– Никогаш во минатото, и во јавна и во приватна усмена комуникација, не било забрането името на Македонија да се употребува без придавките „народна“ или „социјалистичка“. Впрочем, оваа забрана не е можно, ни во земјата ни во странство некому да се наметне, објави Хајредини на својот профил на Фејсбук.

Алузијата е на денешното нападно користење на придавката „северна“. Таа се употребува во енормни количини, дури и апсурди во реченици од пет збора десетпати да се нагласи „северна“.

(Д.Г.)