Прозападната ориентација е на сите Албанци на Македонија, без исклучок, пишува Џевдет Хајредини, поранешен министер за финансии, на Фејсбук.
„За оваа цел, нема потреба од било каква средба во Тирана. ЕУ и САД постојано од двете држави бараат од политичката сцена да ги оддалечат корумпираните политичари, а не да се сликаат со Еди Рама во Тирана“.
Од средбата со Рама, додава Хајредини, корист и разбирање од него очекува само „лидерот“ кој, како никаде во светот, за самиот да се спаси од одговорност, со закон го забранил објавувањето на кривични дела за криминал и корупција, кои произлегуваат од тајните прислушувања.
„Нема сомневање дека и Рама оваа средба ја свикал за оваа цел“, коментира Хајредини.