Само психолозите можат да објаснат зошто на премиерот Димитар Ковачевски му треба секој ден да повторува дека избори ќе има во 2024, коментира поранешниот министер и аналитичар, Џевдет Хајредини.

– Ковачевски: „Ќе повторам уште еднаш дека јас под уцени и притисоци не функционирам”. Со исклучок на уцените и притисоците на Али Амети. Само психолозите можат да објаснат зошто на премиерот Ковачевски му треба секој ден да повторува дека избори ќе има во 2024, а во последно време и дека под уцени и притисоци не функционира, објави Хајредини на својот профил на Фејсбук.

Ковачевски постојано повторува дека не размислува за избори пред 2024 година и дека тој не прифаќа притисоци оти бил личност која не функционира под уцени.