Вака како што се однесуваат некои ЕУ дипломати, измената на Уставот може да остане само со поддршката на Бујар Османи, Бојан Маричиќ и Артан Груби, вели поранешниот министер и аналитичар, Џевдет Хајредини.
Тој коментира изјави на темата уставни измени и сугестиите со кои доаѓаат претставници од ЕУ во Скопје.
За изјавата на министерот Бујар Османи дека „најважно е присуството на францускиот дипломат, кој јасно би ги протолкувал сите одредби од Преговарачката рамка, за кои постојат дилеми, односно стравувања дека ќе бидат предмет на нови условувања од бугарска страна“, Хајредини вели:
– Францускиот дипломат, сите одредби нека им ги протолкува на тие што треба да гласаат, а дали ќе има нови условувања, дипломатите нека ги прашат Бугарите, вели Хајредини.
Тој ја коментира и изјавата на ЕУ-амбасадорот Дејвид Гир и потсетува на изјава од поранешниот амбасадор на Унијата, Ерван Фуере:
– Според Ерван Фуере, ЕУ всушност ги одобри бугарските ставови за историјата, јазикот и идентитетот, вели Хајредини.