За преговорите со Бугарија и информациите кои не се доспатпни за јавноста, денеска со прашање се огласи и поранешниот министер и аналитичар, Џевдет Хајредини.
– Ако е точно дека за идентитетот и јазикот не се разговара, како што надлежните често тврдат, тогаш која е таа тајна информација којашто пратениците може да ја добијат само ако еден по еден одат во кабинетот на Бујар, прашува Хајредини во неговата објава на Фејсбук.
Се подразбира дека тоа се однесува за македонските пратеници и министерот за надворешни работи, Бујар Османи.