Кривична пријава за Васко Ковачевски била поднесена уште во 2021 година, но не се постапило по истата, тврди суспендиранот виш обвинител Мустафа Хајрулахи, објавбува Алфа. Според него, имало јасна кривична пријава во која е наведено дека директорот на ЕСМ барал поткуп од 250 илјади евра, но предметот само се влечкал низ лавиринтите на обвинителството за гонење организиран криминал и корупција и се донело решение за отфрлање, без било што некој да преземе и да истражи, иако се давале јасни напатствија.

Обвинителот го чува предметот извесен период, потоа оценува дека нема елементи на кривично дело, си носи решение за отфрлање, се поднесува жалба и предметот стига кај нас во Вишото јавно обвинителство. Даваме напатствија што да се направи, но нема, не се постапува, вели Мустафа Хајрулахи –  суспендиран виш обвинител.

Со непостапувањето по кривичната пријава, практично му се давало време на Ковачевски и тоа од цели три години, да си скрои план за спас. Според Хајрулахи тоа што не се постапува по вакви крупни предмети, особено кога во прашање е функционер и државни пари, тоа веројатно е по директива на републичкиот обвинител.