Најверојатно е хакирана веб-страницата на владејачкиот СДСМ, на која во моментов се недостапни редовните соопштенија и прес-конференции на партијата.
При обидот да се отвори страницата на СДСМ дава резултати: Search results for: Igor ivanovski od kamenica.
Дали станува збор за некаков ерор или хакирање, засега е непознато. Во секој случај денеска СДСМ е недостапна на нејзината електронска адреса.
При обидот да се влезе на Бихаќска преку интернет се стигнува само до „игор ивановски од каменица“.
Набргу по објавувањето на оваа вест, вебсајтот функционира нормално. Засега нема известување за привремената недостапност и за каков проблем станува збор.