Најдобрата светска тенисерка, Симона Халеп е победничка на Грен слемот во Париз. Таа попладнево по голема борба во три сета ја победи Американката Слоан Стивенс со 2-1, по сетови 3:6, 6:4 и 6:1.
Мечот траеше 2 часа 4 минути.
За 26-годишната Халеп ова беше прв триумф на еден Грен слем.
Таа по четврти пат во кариерата играше финале на еден голем турнир и по трет пат на Ролан Гарос.
Вкупниот награден фонд на турнирот во француската престолнина изнесуваше 39,2 милиони евра.