Иранскиот врховен лидер ајатолахот Хамнеи рече денеска дека некои американски официјлани лица се прокласни идиоти.

– Некои американски официјални лица се прават луди, но јас со тоа не се сложувам. Тие се првокласни идиоти, рече ајатолахот.

Хамнеи се фокусира во говорот на на американските официјални лица кои предвиделе промена на режимот во Иран пред крајот на минатата година.

– Не помина долго американски политичар на собир на терористи и разбојници да каже дека се надева оти Божик ќе го прослави во Техеран, а тоа помина пред неколку денови, рече Хамнеи.

Ајатолахот не спомена никого по име, но неколку членови на администрацијата на Трамп бараа промена на режимот во Техеран и најавуваа дека тоа ќе се случи брзо. Меѓу нив беше и советникот на Трамп за национална безбедност Џон Болтон.

– Пред 2019 година ќе славиме во Техеран, рече Болтон во јули 2017 година на собир на Народни муџахедини, иранска опозициска група во егзил.