Идна невеста го оставила својот вереник на аеродромот – и побегнала со неговите торби и 5.000 фунти во кеш (околу 6.000 евра).
Навидум вљубена двојка, во нивните 40-ти, се вериле еден ден претходно и му кажале на персоналот за пријавување на аеродромот Хитроу дека летаат за Рим за да се венчаат.
Меѓутоа, кога мажот, за кој се вели дека е Британец, ја оставил својата свршеница да се грижи за нивните чанти и отишол во тоалет, таа исчезнала, земајќи се со себе.
Вознемирениот младоженец им кажал на вработените во Терминал 5 дека таа ги зела 5.000 фунти што и ги дал за венчавката.
Еден посматрач рекол: „Тој беше скршен и целосно неутешен. Очигледно тие се запознале дури неодамна и тој се заљубил во неа. Тој ја запроси претходниот ден и таа прифатила.“
– Планираа да се венчаат во Рим и се подготвуваа да летаат таму. Потоа побегнала и исчезнала со сите работи додека тој отишол во тоалет.
– Персоналот ја бараше насекаде, но никаде ја немаше. Не беше ни јасно дали го напуштила аеродромот или заминала во друга земја. На крајот била повикана полиција. Дури и нејзиното име беше доведено во прашање во тоа време.
Портпаролката на полицијата на Метроплотен потврди дека биле повикани да го истражат целиот случај. Таа додаде: „Истрагата е во тек. Во овој момент никој не е уапсен“.