Вечерва ќе грмне Гоце повторно во неговата Струмица, објави струмичкиот градоначалник Костадин Костадинов за приредбата во чест на пејачот Гоце Арнаудов, кој беше познат и по изведбите на патриотски песни.

– После 11 години од неговата смрт, организираме настан во негова чест. Денешниов ден е полн со емоции, полн со гордост. Струмица се радува, а се радува и Гоце некаде од небото! Само јас и ти мој граде добро знаеме, пишува Костадинов во објавата на официјалниот профил на Фејсбук.

Ако оваа музичка манифестација се стави во контекст на политичките случувања, актуелната распродажба на историјата и партијата на власт на која припаѓа и Костадинов, чиј пратеник и портпарол беше до изборот на градоначалник, воведната песна може да биде и познатата „Каде е Гоце, нека стане, го предадоа…“

Од големиот репертоар на Гоце Арнаудов, меѓу кои многу патриотски песни, е и неговта позната „Проклети да се предавниците…“