Денес на дневен ред на седница на Собранието се измените на Законот за патни исправи, измени со кои ќе се овозможи решавање на кризата која ја направија ДУИ и СДС, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
Овие законски измени се единствениот излез од хаосот со турканиците и малтретирањата на граѓаните за вадење на лични документи.
И покрај сите лаги и заблуди дека нема да се направи хаос и дека сите граѓани во законскиот рок ќе имаат можност за промена на документите, денес потребно е пратениците од мнозинството да се одважат и притиснат на копчето ЗА измени на Законот.
Над 600 илјади граѓани се во државен притвор, не можејќи да ја напуштат државата, а со тоа им се прекршени човековите права на слобода на движење само заради неспособноста на власта на ДУИ и СДС, додека стотици илјади наши иселеници се заглавени во држави во кои престојуваат.
Доста беа омаловажувањата на граѓаните од оваа неодговорна власт, доста беше театарот на ДУИ и СДС, сега се потребни решенија на проблемите, а единствено решение е гласање на измените на законот за патни исправи, за продолжување на важноста на пасошите.
За сите неправди кои граѓаните ги преживееја од оваа ненародна власт ќе ги казнат на следните избори. Никогаш не било полошо – важно е да ги поразиме.