Тепачка меѓу власта и опозицијата направи хаос на денешната седница на Собранието во Албанија, пишуваат албанските медиуми.

Демократските пратеници кои претходно влегоа во салата, ги собраа сите столчиња, натрупувајќи ги пред собранискиот под, акција која беше придружена со директни конфликти меѓу нив и нивните колеги социјалисти.

Демократските пратеници ги обвинуваат социјалистите дека им е ускратено уставното право да формираат истражни комисии или да назначуваат претставници на опозицијата во Комисијата за изборни реформи. Тие отворено изјавија дека „нема да има нормален развој на работата на парламентот, сѐдодека не се почитуваат правата на опозицијата“.