Осомничениот за убиството на раперот Тупак Шакур се изјаснил за невин, уапсен е по 27 години

/ 02.11.2023

Поранешниот водач на банда, Двејн Киф Дејвис се изјасни за невин за убиството на раперот Тупак Шакур.

Да потсетиме, американската полиција го обвини поранешниот водач на бандата за убиството на раперот Тупак Шакур во 1996 година, што е ново големо откритие во случајот кое се уште ја фасцинира јавноста, пишува Би-Би-Си.

Уапсен е Двејн Киф Дејвис, вујкото на главниот осомничен Орландо Андерсон, член на бандата Крипс со кого Тупак физички се пресметал неколку месеци пред неговата смрт.

Орландо Андерсон, покојниот внук на осомничениот, и Шакур биле вклучени во тепачка во казино непосредно пред раперот да биде убиен на 7 септември 1996 година. Тој починал во болница неколку дена подоцна. На снимката од безбедносните камери на хотелот се гледа како Андерсон е претепан. Ова на крајот доведе до одмазднички пукање на Шакур додека чекал во својот автомобил на црвено светло.

Брзо стана очигледно дека се работи за криминал поврзан со банда, а случајот бил истражуван неколку пати. Но, дури во 2018 година, кога во јавноста излегоа нови информации, случајот „заживеа“, има и „признание“ на Дејвис пред медиумите дека бил во возилото од кое се пукало.

Дејвис од претходно им е познат на истражителите бидејќи претходно признал дека бил во „Кадилакот“ од кој бил застрелан Шакур. Тој се опиша себеси како еден од последните сведоци на пукањето. Апсењето е извршено два месеци откако полицијата во Лас Вегас го пребарала домот на неговата сопруга во соседниот Хендерсон, барајќи предмети „поврзани со убиството на Тупак Шакур“.


Од истата категорија