Земјоделците неделава ги блокираа улиците во Брисел, во близина на седиштето на Европската унија, протестирајќи против прекумерната бирократија, глобалните трговски договори, новите еколошки мерки и евтиниот увоз од Украина.

На патиштата биле забележани трактори и цистерни, а земјоделците фрлале зеленчук и арско ѓубриво, пренесува АП.

Кога ситуацијата ескалира, полицијата употреби солзавец и водени топови за да ги држи подалеку земјоделците и нивната механизација.

Надлежните апелираа до граѓаните што повеќе да избегнуваат да доаѓаат во градот и да работат од дома.

Смрдеата на ѓубриво, запалени гуми и сено се рашири низ улиците на Брисел, но протестот вроди со плод.