Тензиите во британското пристаниште Довер денеска ескалираа кога стотици лути возачи на камиони кои заглавија два дена пред пристаништето, се судрија со полицијата.
Камионџиите со денови се блокирани во Англија пред пристаништето Довер, пред Франција да ја укине забраната за влез во земјата.
Бесни што најверојатно нема да можат да го слават Божик со своите семејства, но и затоа што се гладни и промрзнати, камионџиите се обидоа да се пробијат низ полицијата која го чува пристаништето. При тоа тие извикуваа „Отворете ја границата“, „Сакаме да си одиме дома“ и „Е.и се Борис!“.
Француските донесоа одлука да им се дозволи на камионџиите да го преминат Ламанш и да влезат во земјата, но со негативен тест не постар од 72 часа.
Британските власти организираа брзо тестирање на возачите кои сега треба да ги чекаат резултатите за да можат да преминат на Стариот континент, а бидејќи повеќе од 4.000 возачи чекаат со денови за тестирање, големи се шансите да стигнат дома за празниците.
Нов вид на коронавирус откриен во Велика Британија, кој брзо и лесно се пренесува, ги збуни експертите и предизвика значителна паника низ целиот свет.
Многу европски и други земји, поради страв, решија да прекинат или да воведат дополнителни построги мерки за сообраќај со Островот.