По Ирска и Франција, во Британија почна второто затворање на земјата и нејзините 56 милиони жители во наадеж дека ќе се спречи ширењето на корона вирусот САРС-КОВ 2. Британија е земја со нјмногу жртви од вирусот во Европа – 48 000 лица.
Продавниците кои не се нужни ќе мора да бидат затворени, а угостителските објекти ќе можат да вршат само достава. Училиштата остануваат отворени.
Премиерот Борис Џонсон најави дека затворањето ќе заврши на 2 декември, но, како што пишуваат медиумите, лудилото веќе започна.
Бегајќи од Лондон пред синоќешното затворањето во полноќ, на десетици илјадници возачи се ајдоа ан улиците што предизвикало невидени гужви и колони.
Бегајќи од градовите во руралните подрачја, слични гужви Британците создадоа и во Бирмингем, Ливерпул, Шефилд итн.
Многумина од тие кои остануваат во градовите, ги запоседнаа баровите со цел да исипјат некој пијалок во атмосфера на која се навикнати.