Данска ќе убие 17 милиони куни поради мутациите на коронавирусот, кои преминале на 12 лица.

– Имаме голема одговорност кон сопственото население, но со мутацијата која е сега пронајдена, имаме уште поголема одговорност и за остатокот од светот, изјави премиерката на Данска Мете Фредериксен.

Таа рече дека мутираниот вирус претставува „ризик за ефикасноста“ на идната вакцина против короната.

Случаите на коронавирусот се откриени на фармите во Данска и во други делови на Европа пред неколку месеци.

Летово и Шпанија истреби 100.000 куни откако се откриени случаи на коронавирус на фарма во провинцијата Арагон, а десетици илјади животни се усмртени во Холандија по избивање на заразата на тамошните фарми.