Стотина грчки граѓани кои усепале да се пробијат до Нивици/ Псарадес, каде пред малу беше церемонијата на потпишување на договорот Ципрас -Заев се судрија со бројните полициски сили.
Откако делегациите заминаа кон Отешево по езерески пат, во Нивици дојде до директна средба меѓу демонстрантите и специјалните полициски сили. Протестантите се обиделе да го пробијат полицискиот кордон, но безуспешно.
На видео објавбено на социјалните мрежи може да се види блиската средба, а се слушаат и истрели од специјалните полициски пиштоли кои истрелуваат солзавец.