Христос Сидиропулос, некогашниот претседател на Македонското движење за човекови права во Грција, кој во раните 90-ти. години на минатиот век беше суден од државата Грцја, преку Фејсбук реагираше на потпишувањето на договорот Заев-Ципрас.

„Си го одбрале местото за „договорот“.  Истите протагонисти ги протераа Македонците од Егејска Македонија и точно на таа клисура, меѓу двете езера ликвидирале илјадници цивили со авионите на Велика Британија.

Овие се враќаат на местото на монструмот и врз коските  на мали дечиња, мајки и борци ќе потпишат да се погребаат засекогаш тие монструозни дела.

Нека им е на „чест“ на тие што поддржуваат вакви дела. Овие дела не застаруваат никогаш, ни со договори, ни со преговори.

Господ нека им пресуди времено, народот вечно!

Ова е реакцијата на Сидиропулос од Костур, еден од најжилавите борци за правата на Македонците во Грција. Тој ја победил грчката држава пред Судот за човекови права во Стразбур. Но, на 5 октомври 1994 година него му се судеше пред судот во Лерин заради кршење на Кривичниот закон затоа што „ширел лажни информации кои можат да предизвикаат проблеми во меѓународните односи на Грција“. Многу адвокати одбивале да го бранат. Зад него цврсто и принципелно застанува Грчкиот хелсиншки монитор, кој и денес ги брани правата на македонското малцинство.

На состанок на ОБСЕ во Копенхаген Сидиропулос зборувал: „Припаѓам на катероија луѓе кои се лишени од своите права, дури и правото на сопствено име. Јас сум Македонец и живеам во грчка Македонја, но јас немам право ниту да кажам, ниту да го употребам мојот јазик, ниту да ги негувам обичаите на моите предци со цел нив да ги пренесам кај нивните наследници. Иако ја поделија Македонија во 1913 година тие ја зачуваа нивната култура, нивниот идентитет и нивното единство… Ова е токму причината зошто 50 проценти од македонската популација станаа политички бегалци или имигранти; дури и ако сакаат да ги посетат нивните роднини, нивниот влез е забранет“.