Denesen.mk
26.10.2026.
  • Македонија
  • Економија
  • Свет
  • Историја
  • Религија
  • Здравје
  • Спорт
  • Магазин
  • Колумни
  • Македонија
  • Економија
  • Свет
  • Историја
  • Религија
  • Здравје
  • Спорт
  • Магазин
  • Колумни

НИКОЛОСКИ: Меѓу 5 и 6 милијарди евра инвестираме само во двата паневропски коридори кои се сечат токму во Македонија

МАЛЦИНСТВО КОЕ САКА ДА БИДЕ ВО УСТАВОТ: Вкупно 352 бугарски државјани во Македонија гласале на изборите за претседател на Бугарија

ФЕНОМЕНОТ ФИЛИПЧЕ: Немајќи своја Филипче се радува на „победата“ во Србија, откако им се нарадува на победите на Маѓар и Радев

ЌЕБАПИ КОИ НЕ СТИГНАА НА СКАРА: АХВ уништи 470 кг ќебапи, плескавици и месо пронајдени во Василево во нерегистрирана комора

ВУЧИЌ ГИ ЗАГУБИ ИЗБОРИТЕ: Политичкото движење кое произлезе по несреќата во Нови Сад по две години протести ја освои власта во Србија

Свет

ХАРАДИНАЈ: Бондстил останува, нема да се затвори заради Србија

/ 02.03.2019
Share
ХАРАДИНАЈ: Бондстил останува, нема да се затвори заради Србија

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај ги отфрли како неосновани информациите во медиумите дека Соединетети Американски Држави ќе ги повлечат своите војници од Косово доколку неговата влада не ја повлече одлуката за 100 отсто такса на увозот од Србија и Босна и Херцеговина, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во интервју за косовската јавна телевизија, РТК, Харадинај рече дека евентуалната одлука да ја напушти базата „Бондстил“ во Косово, Вашингтон нема да ја донесе „надвор од своите глобални безбедносни интереси“.

– Ако е до таксата, Америка никогаш нема да ја повлече војската – за тоа воопшто да не се грижите. Ако планира да ја повлече, ќе го стори тоа – со таксата или без неа. „Бондстил“ ќе се затвори единствено ако е тоа дел од глобалните планови на Америка. Заради таксата тоа нема да го стори. А за нешто друго – кој знае. Таквите одлуки се донесуваат поинаку, бидејќи се работи за глобалната безбедност, изјави Харадинај.

Косовскиот премиер вели дека му е жал поради тоа што околу прашањето за санкциите кон Србија има поделени мислења кај албанскиот политички спектар во Косово и што „некои од косовските политичари поинаку им ја претставуваат на САД ситуацијата во врска со дијалогот со Србија“.

– Кога е во прашање Америка, се плашам единствено кога некој од кај нас оди таму и лаже. Тоа е единствената опасност. Опасноста не доаѓа од Америка, ниту од Европа –  доаѓа од кај нас. Ситуацијата е ваква каква што е. Не може да има координација со некого кој излегува надвор од Уставот, изјави Харадинај.

Ваквиот став косовскиот премиер го изнесе во однос на прашањето за разликите меѓу него и претседателот на државата, Хашим Тачи, во врска со таксата од 100 отсто на увозот од Србија и БиХ и барањето на Вашингтон за укинување на истата.

Тачи бара укинување на таксата, со цел да се деблокира дијалогот со Србија, додека Харадинај е решителен дека таа ќе остане се додека Србија не ја признае независнота на Република Косово.

 – Жал ми е што се поделивме вака. Кога би биле заедно за таксата, ќе го подигневме Косово на повисоко ниво во однос на Србија, Европа и Америка, изјави Харадинај во синоќешното интервју за РТК.

Тој ги повика сите релевантни субјекти на Косово да се обединат околу барањата за неменливост на гранците на државата, „онака како што беа обединети околу  формирањето на Војската на Косово“.

На истиот начин како за војската, нагласи косовскиот премиер, политичките субјекти во земјата беа обединети и во врска со статутот за рударскиот комбинат Трепча.

– Решението е да се обединиме околу таксата, исто како за Трепча. Америка не е против нас. Ние ја доведове во заблуда. За војската бевме обединети и – проблемот се реши. Ве повикувам сите да ни се приклучите, порача Харадинај.

Одлуката за таксата на увозот на српски производи, рече косовскиот премиер, не е ниту неуставна ниту спротивна на меѓународните спогодби за трговија.

– Јас не донесов неуставна одлука за таксата. Одлуката е законска, демократска и исправна. И ЦЕФТА ја предвидува. Претседателот (на САД, Доналд) Трамп исто така презема вакви дејствија, со санкции кон Кина, Иран, Русија, изјави Харадинај.

Share this...
Share on Facebook
Facebook
Tweet about this on Twitter
Twitter
Share on LinkedIn
Linkedin

Од истата категорија

ВОЛСТРИТ ЏУРНАЛ: САД го охрабриле Орбан да се кандидира за генерален секретар на ОН, Русија и Кина изразиле поддршка за идејата

РИЗИЧЕН АВИОНСКИ ЛЕТ ВО ФРАНКФУРТ: Пилотите на Ербас А321 при брзина од 65 км на час сфатиле дека полетуваат во спротивна насока

ПАКТОТ ОД МЕКА: Претставници на Саудиска Арабија, Турција и Пакистан денеска одат на средба за регионална координација во Иран

МАЛЦИНСТВО КОЕ САКА ДА БИДЕ ВО УСТАВОТ: Вкупно 352 бугарски државјани во Македонија гласале на изборите за претседател на Бугарија

РЕАКЦИИ ПО РЕЗУЛТАТИТЕ ВО СРБИЈА: ЕУ и САД се надеваат на нова соработка со Белград, Маѓар телефонски разговарал со победниците

ВУЧИЌ ГИ ЗАГУБИ ИЗБОРИТЕ: Политичкото движење кое произлезе по несреќата во Нови Сад по две години протести ја освои власта во Србија

Најнови вести

ЛАЖИ, ЛАЖИ, ЛАЖИМЕ: Филипче вози врз принцип ако лагата ја повтори 100 пати, таа магично ќе стане вистина, вели Манасиевски


ВОЛСТРИТ ЏУРНАЛ: САД го охрабриле Орбан да се кандидира за генерален секретар на ОН, Русија и Кина изразиле поддршка за идејата


НИКОЛОСКИ: Меѓу 5 и 6 милијарди евра инвестираме само во двата паневропски коридори кои се сечат токму во Македонија


РИЗИЧЕН АВИОНСКИ ЛЕТ ВО ФРАНКФУРТ: Пилотите на Ербас А321 при брзина од 65 км на час сфатиле дека полетуваат во спротивна насока


Denesen.mk
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт

Copyright © 2018 ЕМ Медиа ДООЕЛ