Косовскиот премиер Рамуш Харадинај изјави дека Косово никогаш немало подобри односи со Соединетите Американски Держави отколку денес, јави МИА од Приштина.
Потврда за ваквата констатација, изјави Харадинај по седницата на Владата, е денешната посета на американскиот генерал Тимоти Ор на Приштина и неговите средби со косовскиот државен врв.
Тој рече дека посетата на командантот на Националната гарда на државата Ајова е само пријателска и нема никаква врска со наводно „замрзнати односи“ со САД.
– Ние никогаш не сме имале заладување во односите со Америка. Никогаш во историјата односите со Америка не биле подобри, во сите области. Генералот од Ајова е навистина многу добар пријател на Косово. Тој е осум години во служба на билатералните односи, рече Харадинај.
Националната гарда на сојузната држава Ајова е збратимена со Безбедносните сили на Косово (ФСК), а генералот Ор денеска престојува во косовскиот главен град на средби со Хардинај, со претседателот Хашим Тачи и со парламентарниот спикер Кадри Весели.