Косовскиот премиер во заминување,Рамуш Харадинај, гостувајќи во емисијата „Опен“ на тиранската телевизија Топ чанел, упати тешки обвинувања до албанскиот премиер Еди Рама, нарекувајќи го „ идејатор и лобист за поделба на Косово“.
Харадинај категорично тврди дека Рама бил за поделба на Косово.
-Да, тој беше за поделба, дури јасно кажа во една емисија дека за поделба на Косово бил и претседателот Ибрахим Ругова. Тој лобираше во медиумите,како и на средби и разговори со странци. На ваков разговор што го водеше на маса сум бил присутен и јас, рече Харадинај.
Тој се задржа и на поднесета тужба од страна на Рама против него за клевета пред Основниот суд во Приштина.
– Не знам зошто се исмева со мене. Јас страдав, моето семејство страдаше за да ја заштитиме нацијата. Со оглед на тоа, премиерот со непристојност ја поднесе тужбата против мене, што е срамен чин, изјави Хараднај.
Тој се задржа и на 100-процентната царина за српските прозводи, при што рече дека ќе ја укине кога Србија ќе го признае Косово.
-Јас ќе ја укинам 100 процентната царина за српските производи кога Вучиќ ќе го признае Косово. Не ја укинувам царината за да победи Вучиќ на изборите на пролет. Ако Србија го признае Косово, сега ќе одржам состанок на Владата и ќе ја укинам царната – рече Харадинај.