Доскорешниот премиер на Косово Рамуш Харадинај, бара осудените терористи од случајот во Куманово, од Македонија да бидат префрлени во Косово и таму да го минат остатокот од казната.
– Тие што загинаа не се враќаат, но за живите секогаш може и треба да се бара решение, изјавил Харадинај за Кохавизион.
Тој побарал терористите од тн. Кумановска група од Македонија да бидат префрлени во Косово и во косовските затвори да продолжат да ја издржуваат казната.
– Доколку има правосилна пресуда, ќе побараме тие да ја одлежат казната во Косово. Ние ќе гарантираме, изјави Харадинај.
Од 37 обвинети за терористичкиот напад во Дива Населба, четворица добија ослободителна пресуда, а останатите 33 се осудени на вкупно 746 години затвор. Во Дива Населба загинаа 8 македонски полицајци, а 37 беа повредени.
Инаку доскорешниот премиер на Косово, Харадинај, е близок пријател со неговиот македонски колега, Зоран Заев.