„Јас бев ставен со осомничен за убиство, осомничен за насилство и разбојништво и еден див копач.
Во бетонска ќелија со мувла по ѕидовите.
Сите тројца беа десетпати повеќе луѓе од било кој замешан или спомнат во “Рекет”.
Можеби затоа што велев “Ништо нема да биде ОК”, напиша Борис Дамовски кој, како осомничен за настаните за „27 април“ помина извесно време во притвор.

Неговата реакција доаѓа по изјавата на директорот на затворот во Шутка, Есад Рахиќ за РСЕ, дека тешко било да се најде цимерка за Катица Јанева заради различниот профил на личностите:

„Јанева не е сместена во женското одделение, туку е во посебен оддел поради безбедносна проценка на затворската управа.

– Во принцип ниедно притворено лице не е само. Секогаш мора да има уште еден. Меѓутоа, со оглед на тоа дека станува збор за личност која била специјален обвинитeeл, од посебен општествен интерес, и бидејќи тоа е така брзо направено, ние сметавме дека во еден временски период ние треба да направиме комплетна проценка од безбедносен и здравствен аспект – вели Рахиќ.

Тој додава дека сега во притворот има 18 жени, што е најголем број на притворенички досега, а затворот Шутка е ограничен со капацитетите за сместување.

– Тоа се поголеми одаи, да не речам ќелии во кои има по 4, 5 до 6 жени. Знаете, малку е незгодно, има различни профили на жени, имате женски лица осудени за убиства, имате за изнуда, малку е тешко да вклопите еден таков профил како Јанева меѓу тие лица. Но ние си ја вршиме нашата работа, таа е сместена на најдобар начин на кој ние можеме да сториме“, истакна Рахиќ за РСЕ.